Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напад во дипломатскиот кварт во Кабул


Бомба поставена на воено возило експлодирала во дипломатскиот кварт во Кабул ден пред инаугурацијата на новиот претседател на Авганистан. Министерството за внатрешни работи соопшти дека бомбата експлодирала во близина на претседателската резиденција.

Според министерството, само возачот бил повреден и нема жртви од нападот. Безбедносните мерки се зголемени во земјата пред церемонијата на која Ашраф Гани ќе ја преземе претседателската функција од Хамид Карзаи.

XS
SM
MD
LG