Достапни линкови

Напади врз позиции на ИД во Сирија и Ирак


Меѓународната коалиција предводена од САД извршила воздушни напади врз цели на милитантите од Исламската држава во близина на курдскиот регион Кобане на границата со Турција. Пентагон соопшти дека една зграда на милитантите и две вооружени возила биле уништени. Курдските борци го бранат градот од Исламската држава откако десетици илјади цивили го напуштија Кобане и заминаа во соседна Турција. Други воздушни напади беа спроведени низ цела Сирија, меѓу кои и покраината Рака, која е засолниште на милитантите и градот Минбеј, како и северен Ирак и југозападно од Ирбил.

XS
SM
MD
LG