Достапни линкови

logo-print

Груевски-Реализирани 116 проекти за 100 дена


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски на денешниот отчет по повод 100 дена од работењето на владата изјави дека досега од програмата биле реализирани 116 проекти, а други 554 се во тек. Тој најмногу се осврна на странските инвестиции во земјата, кои пораснале за 12 проценти во однос на минатата година. Груевски потенцираше и дека Македонија имала најголем економски раст во Европа во првите шест месеци и дека е ниско задолжена земја.

Тој рече и дека континуирано се намалува невработеноста, која е на историско најниско ниво. За прв пат, порача тој се градат и три автопати истовремено. Груевски нагласи и дека владата донесе одлука за зголемување на платите, пензиите, социјалната помош. Тој порача дека стратешки приоритет остануваат евроатланските итеграции и покрај спорот со името со Грција, односно спроведувањето на реформите.

XS
SM
MD
LG