Достапни линкови

Министерството за образование го повика СОНК на разговори


Министерството за образование и наука го повика СОНК утре на средба за надминување на несогласувањата во пресрет на најавениот штрајк на оваа синдикална организација. Министерството воедно информира дека зголемувањето на платите на вработените во областа на образованието е дефинирано во Програмата за работа на Владата, при што за оваа календарска година предвидено е зголемување за четири отсто, додека во следните години зголемувањето ќе зависи од буџетските можности.

Според соопштението, министерството прифаќа дебата и за унапредување на системот на екстерното тестирање, но единствено во насока на зголемување на знаењето на учениците и подигнување на објективноста на наставниците при оценувањето.

XS
SM
MD
LG