Достапни линкови

logo-print

Попоски-Од одговорот на Вензиелос е јасно дека името не е приоритет


Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски се сретна со неговиот грчки колега Евангелос Венизелос.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски се сретна со неговиот грчки колега Евангелос Венизелос.

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски синоќа за време на Генералното собрание на Обединетите нации, во Њујорк се сретна со неговиот грчки колега Евангелос Венизелос. Попоски изјави дека го изразил интересот на Македонија за наоѓање на решение на спорот. Но, според него, од одговорот на Венизелос било јасно дека тоа не е меѓу грчките приоритети.

Попоски потенцира дека и во меѓународната заедница, кај сите фактори, постои исто согледување, дека во овој момент нема мотивација и интерес кај Грција за придвижување напред за решавање на проблемот.

XS
SM
MD
LG