Достапни линкови

Колку навистина граѓанските организации учествуваат во процесот на креирање на политики


Зоран Илиески, коалиција на невладини организации „СЕГА“.

Зоран Илиески, коалиција на невладини организации „СЕГА“.

Одговорот е „ ДА, се повеќе имаме граѓански организации кои ги следат интересите на донаторите“. Па и оттука произлегува и слабата проактивност на граѓанските организации да бараат нивно вклучување во процесите на креирање политики или донесување на одлуки кои се важни за своите целни групи, бидејќи нивниот фокус е насочен кон она што донаторите го очекуваат од нив,пишува Зоран Илиоски, од „СЕГА“ во младинската он-лајн колумнана Радио Слободна Европа.

Според наодите во Индексот за Одржливост на Граѓанскиот Сектор во Македонија за 2013 година кој го води УСАИД, можеме да кажеме дека имаме развиен сектор во кој има капацитет да се носи со промените и да учествува во креирањето на политиките на локално и национално ниво.

Рака на срце и оние малку организации кои прават напори за да лобираат одредени (позитивни) промени не наидуваат на одговор од донесувачите на одлуки најмногу поради тоа што не ги перцпираат како сериозни чинители во процесите или пак немаат доверба во нивните капацитети.

Нашата држава е една од првите во регионот која уште во 2011 година има усвоено „Кодекс на добри практики за учество на граѓанскиот сектор во креирањето на политики“ кој има за цел да го подобри квалитетот на процесите на креирање на политики, донесување на одлуки и спроведување на утврдените политики од страна на Владата преку користење на експертиза од граѓанскиот сектор. Овој документ е основна насока за работа и раководење на владините институции при подготовка на своите политики и други акти. Но за жал многу мал број на институции го препознаваат кодексот и го земаат во предвид за да ги применат формите за консултација и учество на граѓанските организации кои се препорачани со него. Можат да се забележат малку добри примери на неколку министерства и владини агенции кои отвораат широк консултативен процес при креирањето на стратешки документи, но тоа битно не ја променува општата ситуација.

Од друга страна граѓанските организации се оние кои треба да се застапуваат со барања за нивно учество кое е обезбедено преку кодексот на добри практики, но и да лобираат за нови форми преку кои ќе ги застапуваат интересите на своите целни групи. Тука се поставува прашањето на капацитетот но и на следење на мисијата на граѓанските организации. Дали сите регистрирани организации ја следат својата мисија и работат во интерес на своите целни групи за кои постојат, или се повеќе имаме организации кои се ориентирани кон донаторите и го следат интересот на донаторите? Одговорот е „ ДА, се повеќе имаме граѓански организации кои ги следат интересите на донаторите“. Па и оттука произлегува и слабата проактивност на граѓанските организации да бараат нивно вклучување во процесите на креирање политики или донесување на одлуки кои се важни за своите целни групи, бидејќи нивниот фокус е насочен кон она што донаторите го очекуваат од нив. Рака на срце и оние малку организации кои прават напори за да лобираат одредени (позитивни) промени не наидуваат на одговор од донесувачите на одлуки најмногу поради тоа што не ги перцпираат како сериозни чинители во процесите или пак немаат доверба во нивните капацитети. За да се надмине ваквата ситуација потребни се интервенции на две нивоа. Прва, интервенција во обезбедување на структурни фондови преку кои граѓанските организации ќе можат да ја насочат својата работа во согласност со потребите за своите целни групи, и втора интервенција која треба да се насочи кон јакнење на нивните капацитети во застапување и лобирање.

Македонија на дното на листата од земји од регионот кои немаат институционални форми за учество на граѓанските организации при креирањето на политиките и донесувањето на одлуки.

Состојбата на локално ниво е уште полоша, не постојат законски одредби со кои би се задолжиле локалните власти да воспостават процедури за задолжителна консултација со граѓанските организации при креирањето на локалните политики или носењето на одлуки во локалните совети. Единствен позитивен пример се Економските Социјални Совети кои сепак не се формирани во секоја заедница но исто така фокусот е на подобрување на економските текови во заедницата, но не и за општите потреби на граѓаните. Зборувајќи за локалното учество на младите во донесување на одлуки единствена светла перспектива даваше предлог законот за млади (во 2011 година). Со предлог текстот се уредуваше младинското учество во локалните заедници преку формирање на младински консултативни тела наречени „Совети на Млади“. Со овој предлог закон ќе се задолжеа сите локални самоуправи во Македонија во консултација со граѓанските организации да формираат вакви претставнички тела кои ќе ги сочинуваа локалните младинските организации и ќе обезбедеа институционално учество на граѓанскиот сектор во носењето на одлуки во локалните самоуправи. Но, поради потребата од поширока консултација при креирањето на овој закон истиот беше повлечен од законодавниот дом. Дали некогаш ќе се создадат услови за повторно враќање на овој закон во собраниска процедура, останува само времето (политичарите) да го покажат тоа.

Како земја кандидат за членство во Европската Унија, Македонија треба да ги применува и приближува методите на ЕУ за креирање на политики во широк консултативен процес. Еден од тие методи е и Структурниот Дијалог кој обезбедува широк консултативен процес на сите чинители на локално, национално и Европско ниво за одредени прашања кои се детектирани како приоритет на ЕУ ниво. Но исто така, структурниот дијалог како метод може да се применува и на национално ниво при креирање на одредени политики кои бараат широк консултативен процес преку разни структурирани форми за граѓанско учество.

Во Балканскиот регион постојат структурирани форми за граѓанско учество, таков е примерот со Хрватска, Словенија и Црна Гора. Можеме да се послужиме со добрите пракси на Република Хрватска која уште во 2009 година го има воспоставено моделот наречен „Совет за развој на граѓанското општество“ каде претставници на различно профилирани граѓански организации и претставници на различни министерства одржуваат редовни состаноци на кои зборуваат за различни законски решенија, подготвување на политики и стратегии или за дизајнирање на државниот буџет. Оваа форма не е многу далеку од нашата реалност, истата треба да се примени и кај нас, во согласност со Стратегијата за соработка на Владата со граѓанските организации овој процес треба да се отпочне во периодот 2012 и да заврши до 2014. Но дали асистенцијата и ветената помош од ЕУ за отпочнување на овој процес е единствената причина или пак немањето на иницијатива од граѓанските организации ја остава се уште Македонија на дното на листата од земји од регионот кои немаат институционални форми за учество на граѓанските организации при креирањето на политиките и донесувањето на одлуки.

Се она што треба да се направи е во рамките на добрата политичка волја и спремност за демократизација на институциите за обезбедување на простор за дијалог и консултации со граѓанскиот сектор. Постојат доволно добри примери и ЕУ пракси кои можат да се адаптираат во наши услови, постојат капацитети и експертиза која може да се заложи за да бидеме добар пример во регионот. Владата мора да пристапи кон започнување на процесот на воспоставување на телото за консултација со граѓанските организации на национално ниво. Но во меѓувреме и здруженијата треба погласно да повикуваат на потребата од креирање на такво тело со цел заеднички пристап кон проблемите од различните сфери а кои го засегаат целото општество, а посебно за младите луѓе.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG