Достапни линкови

Британија, Данска и Белгија се вклучија во борбата против ИД во Ирак


Британските пратеници со големо мнозинство го поддржаа учеството на земјата во воздушните напади против милитантите на Исламската држава во Ирак. По седум часа дебата во Долниот дом, членовите на парламентот изгласаа да се учествува во воената акција. Од пратениците 524 беа за, а 43 против. Шест борбени авиони кои се стационирани во Кипар се подготвени да почнат со воздушни напади. Во своето воведно обраќање премиерот Дејвид Камерон изјави дека групата покажала „неверојатна бруталност“. Тој исто така предупреди дека борбата против милитантите „може да трае со години“.

Претходно денеска и Данска и Белгија најавија дека се приклучуваат во кампањата предводена од САД против борците на ИД во Ирак. Данска ќе придонесе со седум борбени авиони, а Белгија со шест.

XS
SM
MD
LG