Достапни линкови

Средби на Иванов пред обраќањето во ОН


Средба на претседателот Ѓорге Иванов со претседателот на Република Полска, Бронислав Коморовски.

Средба на претседателот Ѓорге Иванов со претседателот на Република Полска, Бронислав Коморовски.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов доцна вечерва по македонско време, ќе се обрати пред Генералното Собрание на Обединетите нации. Се очекува Иванов во своето обраќање, да се осврне на можностите за деблокада на македонските евро-атлански интеграции. Иванов ова прашање го постави и пред Советот за безбедност на Обединетите нации, во своето обраќање во средата.

Претседателот Иванов на маргините на 69. Генерално Собрание на ОН оствари средби со претседатели на повеќе држави. Како што соопшти Кабинетот на претседателот, Иванов се сретна со полскиот претседател Бронислав Коморовск, со

новоизбраниот претседател на Република Словачка Андреј Киска. Иванов имаше средба со египетскиот претседател Абдел Фатах ел-Сиси, што е прва средба на ниво на претседатели во 20-годишните дипломатски односи со Египет. Иванов оствари и со својот колега од Латвија, Андрис Берзин. Претседателот се сретна и со шпанскиот крал Фелипе Шести и со јапонскиот премиер Шинзо Абе.

XS
SM
MD
LG