Достапни линкови

Романската полиција заплени фалсификувани 14 милиони евра


Moldova - money, Expert-grup, generic

Moldova - money, Expert-grup, generic

Романската полиција денеска заплени 14 милиони евра фалсификувани банкноти, како и машина за печатење на лажните пари, и уапси тројца осомничени. Осомничените се Италијанци од Неапол. Тие биле уапсени во Орадја, Северна Романија, со лажни банкноти од 50 и 100 евра со вкупна вредност од 11,6 милиони евра. Полицијата го открила останатиот дел од лажните пари во отпад. Романската полиција соопшти дека ја остварила операцијата изминатата ноќ во соработка со италијанските колеги, кои уапсиле дел од фалсификаторите, два дена порано. Италијанските полицајци заплениле лажни банкноти со вкупна вредност од 19 милиони евра и привеле три лица.

XS
SM
MD
LG