Достапни линкови

На чиј товар ќе бидат платите за штрајкувачите во образованието?


СОНК или Министерството за образование ќе им даваат плата на вработените во образованието што ќе штрајкуваат? Ваква дилема се наметнува поради тоа што Колективниот договор за вработените во образованието предвидува во услови на штрајк за поголеми права, дневниците за наставниците кои што штрајкуваат да ги покрива организаторот на штрајкот, односно СОНК. Од друга страна, претседателот на СОНК, Јаким Неделков, вели дека штрајкот, покрај за зголемување на правата, е и за права коишто се кршат согласно закон, Устав или меѓународни конвенции, а во тој случај работодавачот, односно Министерството за образование е обврзано да ги плати дневниците.

„Имаме и барања коишто континуирано ги упатуваме до ресорните министерства, право по закон за социјален дијалог и партнерство. Ние се обидуваме повеќе од 2,5 месеци, значи три месеци да седнеме на преговарачка маса и онака како што доликува на два социјални партнери да ги решиме проблемите. Меѓутоа од другата страна, од страна на ресорните министерства наидуваме на затворена врата, вели Неделков, со што смета дека е прекршено нивното право за социјален дијалог.

„Тоа е спротивно на законот, како што реков, и сите последици, односно сите материјали трошоци во врска со штрајкот ќе си паднат на товар на ресорните министерства“, вели Неделков.

XS
SM
MD
LG