Достапни линкови

Расмусен се збогува со НАТО


Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен, денеска се збогуваше со Северно-атлантската алијанса, со оглед на тоа што му заврши петгодишниот мандат и од 1-ви октомври ќе биде заменет со норвешкиот премиер Јенс Столтенберг.

Својот мандат Расмусен го опиша како „најактивни и најпредизвикувачки години за НАТО“. Тој истакна дека способноста на Алијансата да се промени и да се прилагодува е она што ја прави толку силна.

„Ние го зајакнавме НАТО да биде поподготвен, побрзо и пофлексибилно“, истакна Расмусен.

Инаку, Андерс Фог Расмусен беше 12-тиот генерален секретар на Алијансата и оваа функција ја презеде на 1-ви август 2009 година. За време на неговиот мандат, НАТО постојано се занимаваше со трансформација. Меѓу позначајните работи што му се препишуваат е одлуката за повлекување на трупите на Алијансата од Авганситан, што ќе заврши до крајот на оваа година.

XS
SM
MD
LG