Достапни линкови

Властите во Србија ќе дозволат да се одржи геј парада во земјата


Властите во Србија ќе дозволат да се одржи геј парада во земјата, прва по 2010. Министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ рече дека одлучиле да не забрануваат одржување на настанот, но сепак го задржуваат правото да го откажат ако безбедносните закани се премногу големи. Србија забрани да се одржува парада откако во 2010 тврдокорни националисти и фудбалски хулигани ги нападнаа демонстрантите. Сепак, земјата се најде под притисок од Европската унија, која вели дека настанот е тест за српската посветеност на основните слободи кои ги промовира Унијата. Хомофобијата е распространета во Србија и често е поддржана од страна на црковните водачи и десничарските партии. Поглаварот на српската православна црква, патријархот Иринеј, го осуди одржувањето на парадата.

XS
SM
MD
LG