Достапни линкови

logo-print

Полски авион принудно слета во Шкотска


Авион Боинг 787 Дримлајнер на полската авиокомпанија ЛОТ денеска принудно слета на аеродромот Глазгов во Шкотска. Нема повредени патници и членови на екипажот. Портпаролот на аеродромот, Брајан Меклин, изјави дека, авионот кој летал од Чикаго до Варшава и во кој имало 248 луѓе слетал безбедно. Тој рече дека принудното слетување било по барање на капетанот поради „технички причини“. Портпаролката на ЛОТ, Барбара Пијановска-Курас, рече дека авионот принудно слетал поради почитување на безбедносните процедури, откако посадата добила предупредување од противпожарниот систем во багажниот простор. Аеродромот прогласи целосно вонредна состојба како мерка на претпазливост. Сепак, властите велат дека немало забележано чад и затоа дозволиле пристап на такси возила до зградата на главниот терминал. Аеродромот сега работи нормално. Пијановска-Курас рече дека патниците остануваат во авионот додека техничарите да утврдат во што е проблемот.

XS
SM
MD
LG