Достапни линкови

logo-print

„Блумберг“ - Само Меркел може да го спаси Самарас од нови избори


Само поддршка од германскиот канцелар Ангела Меркел ќе може да го спаси грчкиот премиер Андонис Самрас од одржување предвремни паралментарни избори, се оценува во анализа на американската агенција „Блумберг“.

Во написот се истакнува дека во услови на противречни оценки на берзанските аналитичари за состојбите на грчката економија, Самарас се обидува да ја убеди Меркел дека Грција пред време може да ја прекине програмата за спас.

„Ако Самарас усепее да обезбеди подршка од Меркел за прекин на програмата за спас, тогаш би можел да најде доволно сојузници и да ја остави партијата СИРИЗА во опозиција уште 18 месеци. Услов за тоа е да ги обезеди неопходните 180 гласа во сегашниот Парламент за избор на нов претседател на држвата или во спротивност земјата ќе оди на нови избори“, се наведува во анализата на Блумберг.

XS
SM
MD
LG