Достапни линкови

Расмусен очекува Авганистан да го потпише безбедносниот договор


Шефот на НАТО Андерс Фог Расмусен очекува во следните неколку денови новото раководство на Авганистан да го потпише безбедносниот договор со САД и НАТО. Тој вели дека тоа треба да се направи по инагурацијата на новото претседателство. Расмусен вели дека и Ашраф Гани и Абдула Абдула, кои следната недела треба да ја преземат функцијата претседател, односно главен извршен директор, ветиле на самитот на НАТО во Велс дека ќе го потпишат договорот. Според Расмусен договорот треба да го отвори патот за да може мисијата на НАТО да продолжи со обуките, советувањето и помошта за авганистанските безбедносни сили од 1 јануари, 2015 година.

Авганистанскиот претседател во заминување Хамид Карзаи одби да го потпише договорот.

XS
SM
MD
LG