Достапни линкови

logo-print

Москва не дозволи влез на европски пратеник во Русија


Ребека Хармс.

Ребека Хармс.

ЕУ протестираше затоа што Москва одби да му дозволи влез на претставник на Европскиот парламент во Русија, откако ја прогласиле за персона нон грата.

Службенците на аеродром во Москва одбиле да ја пуштат Ребека Хармс, иако таа го проверила својот статус пред да отпатува во Русија. Хармс која е германска државјанка вели дека и било речено само дека е персона нон грата.

Таа требало да приссутвува на судското сведочење на украинскиот пилот Надја Савченко. Од ЕУ велат дека овој однос од страна на Русија е за жалење и не е во духот на договорот меѓу ЕУ и Русија за визно олеснување.

XS
SM
MD
LG