Достапни линкови

Путин и Порошенко телефонски договарале средба


Претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Петро Порошенко телефонски разговарале за можноста да одржат средба, изјави висок претставник на Кремљ.

Советникот на Путин за надворешна политика Јури Ушаков денеска изјави дека Путин и Порошенко телефоснки разговарале за можноста лично да се сретнат на билатерална или интернационална средба, со учество на германската канцеларка и францускиот претседател. Тој додаде дека се уште не се знае датумот на таквата средба.

Во меѓувреме Ројтерс цитираше неименуван извор од германската влада кој вели дека нема планови за средба на лидерите на Германија, Франција и Украина, притоа додавајќи дека такви разговори не се исклучуваат како корисни.

XS
SM
MD
LG