Достапни линкови

Во Берлин преговори за рускиот гас за Украина


Претставници на Европската Унија, Русија и Украина, денеска одржуваат состанок во Берлин, посветен на можноста од обновување на снабдувањето на Украина со руски гас. На состанокот учествуваат евро-комесарот за енергија Гинтер Отингер, рускиот министер за енергија Александар Новак и украинскиот министер за енергија Јури Продан.

Рускиот министер за енергија, Александар Новак, во интервју за германскиот весник Ханделсблат, предупреди дека Европа не смее да реекспортира гас за Украина и доколку таквата практика продолжи, ќе биде запрено снабдувањето со руски гас и за Европа.

XS
SM
MD
LG