Достапни линкови

ФБИ го идентификувале бунтовникот од видеата со обезглавување


Соединетите држави соопштија оти веруваат дека го идентификувале маскираниот бунтовник од видеата на кои се гледа обезглавувањето на двајцата американски новинари и на британскиот хуманитерен работник. Директорот на ФБИ Џејмс Ками вчера рече дека нема да го открие неговото име ниту националната припадност. Во трите видеа бунтовникот од Исламска држава зборува англиски со британски акцент. Ками исто така рече дека се верува оти деситици Американци во моментов се борат од страна на бунтовниците од Исламска држава во Сирија. Досега околу сто Американци се обиделе да заминат во Сирија, но биле уапсени, или успеале да заминат, а некои од нив и се вратиле. Директорот вели дека сите американски државјани што се вратиле по борбата на страната на екстремистите се под истрага и надзор, или веќе се уапсени.

XS
SM
MD
LG