Достапни линкови

ХРВ тврди дека има тортура врз политичките затвореници во Узбекистан


Узбекистанците што се во затвор поради политички мотивирани обвиненија се подложни на тортура и на лоши затворски услови, соопшти меѓународна организација за човекови права Хјуман Рајтс Воч. Заклучоците во извештајот именуван како „До крајот“ се основаат на судски документи и исцрпни интервјуа вклучувајќи и на штотуку ослободени затвореници.
Во документот се опишуваат тепања, електрични шокови, гушења, закани за силувања и сексуални понижувања. Абдурасул Кудоназаров, активист за човекови права кој почина од рак кратко време по ослободувањето пролетва, рекол дека неговото барање за медицински третман неколку пати било одбивано.
Хјуман Рајтс Воч побара од узбекистанските власти итно и безусловно ослободување на притворените поради политички мотивирани причини.

XS
SM
MD
LG