Достапни линкови

logo-print

Британскиот парламент ќе одлучува за вклучување во акциите против ИД


Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе бара одобрување од парламентот за напади против бунтовниците од Исламска држава. Тој денеска ќе зборува пред пратениците од британскиот парламент за приклучување во нападите предводени од САД и сојузниците против припадниците на радикалната исламистичка група. Камерон беше неодлучен за барањето од парламентот одобрување за актуелната акција откако лани пратениците ги отфрлија британските воздушни напади против сириските владини сили. Партиите од британската политичка сцена укажаа дека ќе го поддржат премиерот за напади против бунтовниците од Исламска држава.
Обезглавувањето на двајцата американски новинари и британскиот хуманитарен работник од страна на бунтовник со британски акцент го засили јавното мислење против Исламска држава која контролира делови од северостична Сирија и северозападен Ирак.
Британија соопшти дека околу 500 нејзини граѓани заминале да се борат во Сирија и северен Ирак што ја подигна загриженоста дека некои од нив може да се вратат и да извршат терористички напади во Обединетото Кралство.

XS
SM
MD
LG