Достапни линкови

Филе ја потврди поддршката на ЕУ за Украина


Во писмена изјава, комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе ја потврди поддршката на ЕУ за Украина „во нејзините напори да ги исполни неопходните политички и економски реформи за да се постигне модернизација на земјата“.

„Тоа е за Украина да направи слободен и суверен избор на нејзините амбиции, ориентација, и надворешните односи“, додаде тој.

Претходно укрианскиот претседател Петро Порошенко го промовираше планот за реформи со кои земјата ќе се приближи до ЕУ, наречен Стратегија 2020.

Порошенко повика на понатамошна финансиска помош од Меѓународниот монетарен фонд и од Запад да помогнат за стабилизирање на националната валута во земјата која загуби 40 отсто од својата вредност во однос на доларот од почетокот на годината.

Порошенко изјави дека очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во наредните три недели. Руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Украина треба да го реши сите проблеми со Москва, пред да се приклучи кон Европската унија.

XS
SM
MD
LG