Достапни линкови

Во пресрет на штрајкот на СОНК најави за казни за непосетување на настава


За непосетување на наставата со закон предвидени се високи глоби за родителите, изјави директорката на Државниот просветен инспекторат Надица Николоска во пресрет на најавениот штрајк на наставниците.

„Основното и средното образование се задолжителни за сите ученици. За непосетување на наставата законите се децидни и предвидуваат глоба од 1.000 до 2.000 евра во денарска противвредност за родителот, односно старателот кој што ќе го оневозможи наставниот процес за своето дете. Би сакала да апелирам до сите родители да не подлегнуваат на манипулативни изјави за прекин на воспитно-образовниот процес и да не ги инволвираат своите ученици за политички цели“, рече Николоска.

Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми денеска оцени дека повикот на Неделков до учениците за бојкот на наставата в понеделник кога СОНК најави штрајк на своите членови, е спротивен на законите и Уставот на државата.

XS
SM
MD
LG