Достапни линкови

Рохани се сомнева дека светот е обединет против екстремистите


Западот е одговорен за „стратешки грешки“ со кои Блискиот Исток, Централна Азија и Кавказот се претворија во „рај за терористи и екстремисти“, рече иранскиот претседател Хасан Рохани во својот говор пред Генералното собрание на ОН.

Тој изрази сомневање дека светот е обединет против заканата од екстремистите.

Осврнувајќи се на разговорите за нуклеарната програма со светските сили, иранскиот претседател рече дека избегнувањето на „претерани барања“ е предуслов за успех на преговорите. Тој исто така рече конечнен договор за нуклеарната програма е можен пред истекот на рокот во ноември, ако Западот покаже „флексибилност“.

XS
SM
MD
LG