Достапни линкови

Реџепи - Косово се уште не е безбедно од радикалните групи


Косово се уште не е безбедно од радикалните групи со екстремистиски религиозен предзнак, а продолжува и истрагата против голем број лица кои им се придружиле, изјави косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи.

Тој најави дека досега се забранети 14 невладини организации осомничени дека финансирале и поддржувале терористички групи.

Косовската полиција минатата недела го уапси приштинскиот имам Шефкет Красниќи и уште 14 лица, меѓу кои лидерот на косовската исламска партија, под обвинение за поврзаност со Исламска држава и врбување на борци од Косово за Сирија.

XS
SM
MD
LG