Достапни линкови

Франција ќе ја зголеми поддршката за сириската опозиција


Француски борбен авион во Ирак.

Француски борбен авион во Ирак.

Франција соопшти дека ќе ја зголеми својата поддршка за сириските опозициски сили кои се борат со исламистички групи. По состанокот на Советот за безбедност, француските власти соопштија дека Париз е подготвен да ги поддржи сите држави кои бараат поддршка за борба против тероризмот. Властите велат дека ќе се зголеми безбедноста на транспортот и на јавните места отако алжирски милитанти поврзани со милитантите од Исламската држава објавија видео на кое се гледа обезглавување на еден француски турист киднапиран во Алжир.

Претходно Франција соопшти дека врши нова рунда напади врз цели на Исламската држава во Ирак. Франција се приклучи на воздушната кампања предводена од САД во Ирак, но досега се воздржуваше од напади во Сирија.

XS
SM
MD
LG