Достапни линкови

Адеми - Повикот на СОНК за бојкот на наставата е спротивен на Уставот и законите


Министерот за образование Абдулаќим Адеми.

Министерот за образование Абдулаќим Адеми.

Министерот за образование и наука Абдулаќим Адеми ги оцени како спротивни на законите и Уставот на државата повиците на претседателот на СОНК до учениците да ја бојкотираат наставата во понеделник за кога СОНК најави штрајк на своите членови.

„Јас сум запрепастен од повикот на претседателот на СОНК кој ги повика учениците во понеделник да не одат на училиште. Запрепастен сум бидејќи тоа е грубо кршење на Уставот и законите. Не е надлежност на СОНК ниту пак на некоја друга институција да ги повикува учениците да не одат на училиште. СОНК може да се занимава само со нивното членство. Токму затоа сметам дека тоа е грубо кршење на Уставот и законите и го повикувам претседателот на СОНК да ги извршува своите надлежности и да не се меша во образовниот процес. Исто така ги повикувам родителите и учениците да продолжат да одат на училиште зашто основачите министерството и општините ќе овозможат услови за непречено одвивање на образованиот процес“, рече Адеми.

Тој ги отфрли како неточни тврдењата дека од страна на министерството се вршеле притисоци врз вработените во образовните инститиции да не учествуваат во штрајкот.

Адеми посочи дека засега не се знае дали ќе се одвива штрајкот и колкав ќе биде тој број, но оти законот дозволува за итни и неодложни работи основачот односно министерството и општините да ангажираат наставници за да нема прекин во образовниот процес.

XS
SM
MD
LG