Достапни линкови

СДСМ - Буџетот за 2015 година не е развоен, туку за преживување


Предложениот Буџетот за 2015 година не е развоен, туку за преживување, реагираат од опозицискиот СДСМ. Во нивното соопштение се наведува дека во услови на рекордна сиромаштија и историски најголемо задолжување на државата, власта на Груевски носи еден од најгломазните буџети досега.

„Најголем дел од парите се за социјални трансфери. Ќе се зголемат за над 63 милиони евра во однос на лани. Ова само ги потврдува празните фондовски дупки што мора да ги покрива државата за да има плати и пензии.Нема да го стимулира приватниот сектор. Со тоа ниту ќе има некакво придвижување на економијата“, стои во соопштението.

Во соопштението СДСМ наведуваат пример за тоа колку е лоша состојбата со Буџетот. Според нив дрпиемр за тоа е намалувањето на еден од најголемите адути на власта за фалби пред избори, субвенциите. За 2015 година власта ги намалува парите за субвенции за над 2 милиона евра.

„Буџетот за 2015 е копија на сите претходни години откако Никола Груевски е на власт“, велат од СДСМ.

XS
SM
MD
LG