Достапни линкови

Авганистан - Абдула му честиташе на Гани


Абдула Абдула.

Абдула Абдула.

Абдула Абдула, кој беше кандидат за претседател на Авганистан и заврши втор на изборите, денеска му го честиташе изборот за претседател на неговиот ривал Ашраф Гани. По спорните избори во земјата, на 21 септември Гани беше прогласен за победник. Абдула, кој е поранешен министер за надворешни работи, денеска рече дека тој морал да го прифати договорот за да се избегне насилство за доброто на народот. Гани треба да биде инаугуриран на 29 септември.

Ниту Гани, ниту Абдула не освоија доволно гласови во првиот круг на изборите кој се одржа во април, па се одржа втори круг гласање во јуни. Но, Абдула жалејќи се на измама одби првично да ги прифати резултатите. По договорот за поделба на власта со Гани, Абдула се очекува да ја преземе улогата на главен извршен директор и да ја дели одговорноста за клучни одлуки со претседателот.

XS
SM
MD
LG