Достапни линкови

Ставрески - буџетот 2015 за поддршка на стопанството и на стандардот


Министерот за финансии Зоран Ставрески на пуштањето во употреба на новата зграда на Министерството за финансии.

Министерот за финансии Зоран Ставрески на пуштањето во употреба на новата зграда на Министерството за финансии.

Буџетот за 2015 е подготвен да може и следната година да се продолжи со политики за поддршка на стопанството и на стандардот на граѓаните, рече вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. Денеска Комисијата за финансирање и буџет на Собранието ја почна расправата по предложениот буџет за наредната година.

„Стопанството ќе се поддржува преку проектираниот висок износ на капитални инвестиции, а поддршката на граѓаните се гледа преку предвидените зголемувања на платите, пензиите и социјалните надоместоци“, рече Ставрески.

Приходите се проектирани на 163,280 милијарда, расходите на 181,777 милијарди денари, и буџетски дефицит од 3,5 проценти од БДП.

За капитални инвестиции во предложениот буџет се предвдени 21,209 милијарда денари со кои ќе се поддржат крупни инфраструктурни проекти.

XS
SM
MD
LG