Достапни линкови

Брод со сириски бегалци пред потонување крај Кипар


Архивска фотографија - брод со сириски бегалци во близина на Италија.

Архивска фотографија - брод со сириски бегалци во близина на Италија.

Кипарските власти реагираа по добиениот сигнал дека брод со 300 бегалци од Сирија е во опасност од потонување на отворено море на 50 морски милји од пристанишниот град Пафос.

За укажување помош кон местото на инцидентот веднаш тргнал брод-крузер, а паралелно со тоа се дадени упатства за упатување и на уште два брода и два хеликоптера.

Според првичните информации, меѓу 300-те сириски бегалци има многу жени и деца.

Во близина на бродот во опасност се наоѓа и танкер, што плови под знамето на Малта, како и еден товарен брод.

XS
SM
MD
LG