Достапни линкови

Во најновите воздушни напади, убиени 14 милитанти во Сирија


Најмалку 14 милитанти на Исламската држава биле убиени во најновите американски воздушни напади на територијата на Сирија, соопшти сиријската опсеравторија за човекови права со седиште во Лондон. Според истиот извор, загинале и 5-мина цивили. Според американски претставници, воздушните напади во текот на изминатата ноќ биле насочени кон уништување на рафинерии во источна Сирија, кои биле под контрола на милитантите. Во нападите учествувале и Саудијска Арабија и Обединетите Арапски Емирати.

XS
SM
MD
LG