Достапни линкови

Предлог-буџетот за 2015 пред матичната собраниска комисија


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска ќе ја почне расправата за Предлог-буџет на Република Македонија за 2015 година.

Предлог-Буџетот е проектиран на раст од 4 отсто на БДП, инфлација на ниско ниво од 2 отсто и буџетски дефицит кој е понизок од годинашниот и изнесува 3,5 отсто. Вкупните приходи за следната година се проектирани за 5 отсто повисоки од оваа и ќе изнесуваат 163 милијарди и 280 милиони денари, додека расходите се повисоки за 4 проценти и ќе изнесуваат 181 милијарда 777 милиони денари.

XS
SM
MD
LG