Достапни линкови

logo-print

Камерон: Велика Британија ќе се придружи на воздушните напади против милитантите во Ирак


Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави дека побарал Парламентот утре да обезбеди одобрување Велика Британија да учествува во воздушните напади против милитантите на Исламската држава во Ирак. Во обраќањето на Генералното собрание на ОН, Камерон изјави дека постои јасна основа во меѓународното право за акција. Камерон, исто така, изјави дека Иран би можел да биде дел од решението во победата над заканата од Исламската држава . Камерон изјави дека Велика Британија има сериозни несогласувања со Иран, но дека на Техеран , исто така, треба да му се даде шанса да покаже дека може да биде дел од решението, а не дел од проблемот.

XS
SM
MD
LG