Достапни линкови

Средба на британски и ирански лидер за прв пат од 1979


Британскиот премиер Дејвид Камерон и иранскиот претседател Хасан Рухани се состанаа на
маргините на Генералното собрание на ОН, што претставува прва средба
на лидерите на двете земји од Иранската револуција во 1979 година.

Двајцата лидери се согласија дека имаат значително подобрување на односите меѓу двете земја, изјави портпаролот на Камерон.

Камерон и Рухани оценија дека исламската држава е закана за
Блискиот Исток и се согласија дека сите држави во регионот мора да направат повеќе за намалување на поддршката за терористичките групи.

Тие, исто така, тие се согласија дека е клучно да се посотигне сеопфатен договорво преговорите за нуклеарната програма на Иран, изјави портпаролот Британскиот премиер.

XS
SM
MD
LG