Достапни линкови

Пакистан: во напад на американско беспилотно летало загинале 8 милитанти


Пакистански разузнавачки претставници изјавија дека во напад на американско беспилотно летало загинале најмалку осум милитанти во северозападниот регион на земјата во близина на границата со Авганистан. Во нападот било погодени и возило на пазарот во некое мало гратече во Северен Вазиристан.Оваа област која граничи со Авганистан со години беше скривалиште за исламистичките милитанти - вклучувајќи ја и Ал Каеда.Пакистанската армија започна операција против милитантите во оваа областа во јуни. Армијата соопшти дека досега се убиени 1000 милитанти.

XS
SM
MD
LG