Достапни линкови

logo-print

Времето денеска ќе биде променливо облачно


Времето претпладне во Македонија ќе биде малку до умерено облачно со повеќе сонце на југоистокот од земјава.

Попладне насекаде облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот и преку ноќта ќе има појава на повремен дожд.

Ќе дува и слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од три до 12, а дневната од 20 до 27 степени.

Во Скопје времето утре претпладне ќе биде променливо облачно, попладне со зголемена облачност и со повремен дожд кој ќе продолжи и во текот на ноќта.

Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 23 степени.

Од утре попладне до сабота до попладневните часови ќе преовладува променливо облачно време со повремен дожд.

Во петок и во сабота ќе дува умерен до повремено засилен северен ветер. Од недела ќе следува период на стабилно време со благ пораст на дневните температури.

XS
SM
MD
LG