Достапни линкови

Зошто се актуализира продажбата на охридскиот водовод?


Договорот со шпанската фирма воопшто не бил потпишан, а Шпанците си ги повлекле парите кои ги уплатиле како гаранција.

Власта во Охрид веќе една ипол година прави се да го пролонгира потпишувањето на договорот со шпанската фирма Аквалија, кој е катастрофален по интересите на граѓаните на Охрид, вели градоначалникот Никола Бакрачески.

Со овој катастрофален договор, се предвидува фирмата Аквалија да ги добие сите ненаплатени побарувања кои ги имаат ЈП Проаква и ЈП Нискоградба, потоа во иднина да ги добие сите приходи од наплата за користење на вода и одвод на отпадни води, долговите кои ги имаат Проаква и Нискоградба да останат на нив самите, поточно на градот.

Шпанците беа единствените заинтересирани за да го преземат управувањето со Меѓуопштинското водоснабдително претпријатие Проаква и да концесионираат со фирмата. Договорот пред три години не беше потпишан и истиот не се реализира, а претпријатието остана да функционира под капата на двете соседни општини Охрид и Струга.

Правиме се што е можно да го пролонгираме потпишувањето на договорот за продажба на Проаква кој е катастрофален за граѓаните, а целата постапка за продажбата и текстот на договорот се завршени додека со Охрид владееше СДСМ, рече Бакрачески.

Никола Бакрачески.

Никола Бакрачески.

„Овој договор кој е напишан на околу илјада страни, да го пишувал мојот 13 годишен син, кој не знае што е право и што е економија, сигурен сум дека ќе го напишеше подобро и во поголема корист на Охрид. Со овој катастрофален договор се предвидува фирмата Аквалија да ги добие сите ненаплатени побарувања кои ги имаат ЈП Проаква и ЈП Нискоградба, потоа во иднина да ги добие сите приходи од наплата за користење на вода и одвод на отпадни води, долговите кои ги имаат Проаква и Нискоградба да останат на нив самите, поточно на градот, и овие две претпријатија да останат без никаков приход, со што или би отишле во стечај или би биле ликвидирани, а работниците би останале на улица“, рече Бакрачески на последната седница на Советот на Општина Охрид.

Факт е дека таков договор ниту е потпишан, ниту може сега да се потпише, ниту пак некој треба да плаќа пенали за непотпишување на таков договор. Постапката за давање под концесија на дејноста, а не на Проаква започна со одлука на Управниот одбор во 2009 година.

Владо Чингоски претседател на Комисијата која работеше на проектот вели дека сегашната локална власт нема никакви обврски бидејќи договорот со шпанската фирма воопшто не бил потпишан, а Шпанците си ги повлекле парите кои ги уплатиле како гаранција. Тој вели дека едно се понудата и барањето на Аквалија, а друго е дали договорот е склучен.

„Факт е дека таков договор ниту е потпишан, ниту може сега да се потпише, ниту пак некој треба да плаќа пенали за непотпишување на таков договор. Постапката за давање под концесија на дејноста, а не на Проаква започна со одлука на Управниот одбор во 2009 година. Советите на Охрид и Струга дадоа согласност на таа одлука и така се отпочна со постапката за распишување на тендер“, рече Чингоски.

Чингоски вели дека сето ова го спровела комисија составена од претседателот на МАНУ, Деканот на правниот факултет во Скопје и професори кои имале долгогодишно правно искуство.

„Сето тоа беше спроведено во една законска и транспарентна постапка и беше доставено до градоначалниците на Охрид и Струга кои требаше во рок од 6 месеци да почнат со преговори со Аквалија и да го потпишат договорот, но договорот не беше потпишан. Со тоа се стави крај на целата тендерска постапка. Сега после три години никој нема обврска да потпише таков договор, ниту пак да плаќа пенали. Зошто се прави ова, тоа е прашање кое треба градоначалникот да го одговори. Понудата која ја има дадено понудувачот воопшто не се разгледувани. Ова е се најверојатно за дневна политика“, вели Чингоски.

Целата документација, вели Чингоски, била доставена до Владата и министерствата за финансии и локална самоуправа и Бирото за јавни набавки.

XS
SM
MD
LG