Достапни линкови

Турција прифатила најмногу сириски бегалци


Турција прифатила најголем број сириски бегалци на своја територија од која било друга држава, изјави денеска портпаролката на УНХЦР Селин Јунал.

Турската Влада објави дека бројот на бегалците е 1,5 милиони.

„Во изминатите денови Турција е државата во која има најголем број сириски бегалци од почетокот на војната во Сирија пред три години“, изјави портпаролката на УНХЦР.

Западни медиуми јавуваат дека Турција иако примила најголем број бегалци, добива најмалку меѓународна помош за бегалците.

УНХЦР предупредува дека уште 480.000 луѓе може да избегаат од реонот на градот Кобане во Сирија поради воените дејствија на Исламска држава. Досега од тој реон во Турција пребегале 140.000 луѓе.

XS
SM
MD
LG