Достапни линкови

logo-print

Обама пред ОН за Укрaина, Иран, ИД


U.S. -- US President Barack Obama speaks at the 69th United Nations General Assembly at United Nations Headquarters in New York, September 24, 2014

U.S. -- US President Barack Obama speaks at the 69th United Nations General Assembly at United Nations Headquarters in New York, September 24, 2014

Американскиот претседател Барак Обама рече дека прекинот на огнот во Украина го отвора патот до мир, ако Русија се согласува со тоа. „Неодамнешниот договор за прекин на огнот во Украина овозможува да се постигне таа цел“, рече Обама зборувајќи пред Генералното собрание на ОН.

„Ако Русија тргне по тој пат, пат кој почнува во периодот по завршувањето на Студената војна и кој резултираше со просперитет за рускиот народ, тогаш ние ќе ги укинеме санкциите и ќе ја поздравиме улогата на Русија во решавањето на заедничките предизвици“, рече Обама.

Тој оцени дека руските постапки во Украина се „предизвик“ за повоениот период. Обама исто така рече дека Русија распоредува војници преку границата, откако Украина „почна да ја враќа контролата врз својата територија. Според него, сите земји треба да ја преземат „одговорноста да ги почитуваат и спроведуваат меѓународните норми“. Американскиот претседател рече дека САД и нивните сојузници ќе му дадат поддршка на украинскиот народ „за развој на нивната демократија и економија“.

Aмериканскиот претседател Барак Обама рече дека светот е „на крстопат меѓу војна и мир, меѓу нереди и интеграција, меѓу страв и надеж“. На иранските лидери и на иранскиот народ Обама им порача дека може да се постигне решение за нуклеарната програма на Техеран што ќе ги задоволи енергетските потреби на Иран и ќе го увери светот дека нуклеарната програма е мирнодопска.

За Исламската држава наведе дека е „канцер на насилниот екстремизам што опустоши многу делови на муслиманскиот свет“. Тој рече дека Исламската држава мора да биде „ослабната и на крајот уништена. Обама рече дека САД „не се и никогаш нема да бидат во војна со исламот“ и отфрли „сите наводи за судир на цивилизациите“. Тој го повика светот, а особено муслиманските заедници, „јасно, енергично и доследно да ја отфрли“ идеологијата на Ал Каеда и Исламската држава.

XS
SM
MD
LG