Достапни линкови

Сноуден добитник на шведската награда за човекови права


Едвард Сноуден е ко-добитник на шведската награда за човекови права, која понекогаш се нарекува „алтернативна Нобелова награда“. Од жирито на Фондацијата велат дека Сноуден доби наградата за „откривање на невиден степен на државен надзор со што се кршат основните демократски процеси и уставни права.“

Поранешниот соработник на Националната агенција за безбедност ја подели наградата со Алан Русбридгер, уредник на британскиот весник „Гардијан“, кој ги објави серија статии врз основа на документи кои ги објави Сноуден.

XS
SM
MD
LG