Достапни линкови

Обама - Ако Русија сака, може да се постигне мир во Украина


Американскиот претседател Барак Обама рече дека прекинот на огнот во Украина го отвора патот до мир, ако Русија се согласува со тоа.

„Неодамнешниот договор за прекин на огнот во Украина овозможува да се постигне таа цел“, рече Обама зборувајќи пред Генералното собрание на ОН.

„Ако Русија тргне по тој пат, пат кој почнува во периодот по завршувањето на Студената војна и кој резултираше со просперитет за рускиот народ, тогаш ние ќе ги укинеме санкциите и ќе ја поздравиме улогата на Русија во решавањето на заедничките предизвици“, рече Обама.

Тој оцени дека руските постапки во Украина се „предизвик“ за повоениот период. Обама исто така рече дека Русија распоредува војници преку границата, откако Украина „почна да ја враќа контролата врз својата територија. Според него, сите земји треба да ја преземат „одговорноста да ги почитуваат и спроведуваат меѓународните норми“. Американскиот претседател рече дека САД и нивните сојузници ќе му дадат поддршка на украинскиот народ „за развој на нивната демократија и економија“.

XS
SM
MD
LG