Достапни линкови

logo-print

Дескоска: Вељаноски може да ги верификува оставките кога сака


Пратениците од опозицијата не ги прифатија пратеничките мандати и не учествуваат во работата на Собранието сè додека не се создадат демократски услови, изјави денеска Рената Дескоска, пратеник од СДСМ. Според Дескоска, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски не мора не мора да чека до 8 октомври, и оти може кога сака да ги верификува нивните оставки. Оставките на опозицијата, додава таа, се депонирани пред четири месеци во Собранието, а мандатите биле насилно верификувани. Одговарајќи на новинарско прашање во врска со евентуална нова рунда разговори со ВМРО-ДПМНЕ, Дескоска рече оти СДСМ е подготвен за дијалог, но само ако власта покаже спремност да разговара за сите пет теми коишто опозицијата ги смета за значајни за „враќање на демократијата и одржување на фер и демократски избори“. Според неа, кај ВМРО-ДПМНЕ нема подготвеност за разговор.

XS
SM
MD
LG