Достапни линкови

Светска банка со над 70 милиони долари за македонските патишта


Светска банка го одобри кредитот во износ од 70,98 милиони долари за рехабилитација на магистрални и регионални патишта во Македонија. Целта на проектот е да се подобри поврзаноста на избрани магистрални и регионални патишта, првенствено кон коридорите 10 и 8, како и да се зајакнат капацитетите на Јавното претпријатие за државни патишта за прашањата за безбедност на патиштата и опторност кон климатските промени.

Заемот од 70,98 милиони долари е издаден од страна на Меѓународната банка за обнова и развој (ИБРД), со 23 години доспевање, вклучително и 6 години грејс период. Ова е втор проект за патен транспорт кој Светска банка во моментов го финансира во Македонија.

XS
SM
MD
LG