Достапни линкови

Инклузивна школа за младите со интелектуална попреченост во Куманово


Архивска фотографија - Дневен центар за лица со интелектуална попреченост во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово.

Архивска фотографија - Дневен центар за лица со интелектуална попреченост во Основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Куманово.

Дел од младите лица со интелектуална попреченост од Куманово имаа можност да ги користат училишните простории и дворови, кабинети за настава, а со нив да работат наставниците.

Изминатиот летен распуст дел од младите лица со интелектуална попреченост од Куманово имаа можност да ги користат училишните простории и дворови, кабинети за настава, а со нив да работат наставниците, раскажува Фросина Трајковска претставник од локалната администрација.

Така секоја среда и петок имаше разни спортско-рекреативни, музички, танцувачки, едукативни, ликовни активности. Ова делуваше не само на крајните корисници на младите со попреченост, туку и на наставниците и на талентираните лица од ромската популација.

„И тоа беше повеќе од нашите очекувања. Тоа беше тип на волунтаризам кај наставниот кадар. Почна со учителката Весна Кимевска во Основното училиште „11 Октомври“, а нејзината мотивираност ги инспирира и нејзините колеги и колешки. Така секоја среда и петок имаше разни спортско-рекреативни, музички, танцувачки, едукативни, ликовни активности. Ова делуваше не само на крајните корисници на младите со попреченост, туку и на наставниците и на талентираните лица од ромската популација,“ вели таа.

Фросина Трајковска.

Фросина Трајковска.

РСЕ: Каков ефект имаше тоа кај лицата со интелектуална попреченост?

„Лицата со интелектуална попреченост доживеаа нешто сосема поинакво. Бидејќи овој наставен кадар што се вклучи волонтерски работеше како со деца без попречености, тоа беше интересно зашто тие во нивниот работен век не работеле со вакви лица,“ раскажува Трајковска.

Според неа, начинот на кој бил искреиран проектот се одвиваал спонтано. Сето тоа било забележано на видео снимки кои ќе им бидат достапни на сите заинтересирани родители кои имаат деца со интелектуална попреченост, но и на останатите. За ова се согласиле главно сите родители чии деца се дел од овие настани, меѓутоа, Трајковска нема сознанија дали некои од родителите чии што деца не се вклучени во вакви и слични проекти се заинтересирани за тоа.

„Следно е да се размисли за резултатот на овој проект и да се најде форма која ќе биде прифатена и од страна на Општината преку Советот и од родителите. Тој тип на неформално инклузивно образование од кое ќе има голема полза. Не она што е предвидено како формално образование во посебните паралелки, не како активност во дневните центри каде што е едукативна функцијата со акцент на згрижувачка, на оваа форма акцентот е финансиски да учествуваат и родителите,“ појаснува Трајковска.

Според неа тоа подразбира дека родителите би финансирале и кога нивните деца нормално би оделе на училиште. Сепак, неопходна е помош и од општината, но и од државата.

Трајковска додава дека од реализираниот дел од проектот за време на летниот распуст изненадувачки биле позитивните реакции и кај наставниот кадар не само кај лицата со попречености. А во текот на учебната година оваа школа би продолжила во времето на викендите. Пожелно е во овој проект да учествуваат и други деца со што на одреден начин ќе им се покаже на лицата со попречености дека нивната посебност не е отфрлена од средината, со што ќе им се зајакне самодовербата, а ќе има и напредок во однесувањето и учењето во нивниот понатамошен живот.

  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG