Достапни линкови

Неполитичка личност за шеф на Грција?


Грчката коалициска Влада во март може да предложи неполитичка личност за претседател на земјата со цел да обезбеди консензус и да се избегнат предвремени избори кои би можеле да го попречат нејзиниот економски напредок, изјави министерот за надворешни работи на Грција, Евангелос Венизелос.

Иако улогата на грчкиот претседател е главно церемонијална, неуспехот на Парламентот да избере шеф на државата ќе предизвика предвремени парламентарни избори со неизвесен победник по што земјата ќе ја зафати и политичка криза, коментираат медиумите.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, Венизелос изјавил дека Владата е отворена за кандидати кои не мора да бидат политичари, туку и академици, дури и од областа на култура, со што ќе се прекине децениската традиција.

Мандатот на актуелниот претседател Каролос Папуљас завршува во март.

XS
SM
MD
LG