Достапни линкови

Еуропол - упасени повеќе од 1.000 луѓе за 9 дена


Директорот на Еуропол, Роб Вајнрајт.

Директорот на Еуропол, Роб Вајнрајт.

За девет дена се уапсени повеќе од 1.000 луѓе низ Европа, соопшти денеска директорот на Еуропол, Роб Вајнрајт. Тој денеска рече дека операцијата „Архимед“ била насочена кон речиси сите видови на криминал, кои се движат од трговијата со дрога, илегалната имиграција, даночна измама, фалсификување и кражба.

Според Вајнрајт станува збор за „најголемиот напад врз организираниот криминал во Европа.“ Операцијата довела до апсења на 1027 луѓе, а притоа се спасени и 30 романски деца со кои се тргувало. Исто така запленети се и големи количини на лекови и дрога.

XS
SM
MD
LG