Достапни линкови

Анкара демантира дека авиони против ИД полетале од Турција


Официјална Анкара денеска ги демантираше тврдењата дека авиони на коалицијата против Исламска држава, предводена од САД, полетале кон Сирија од територијата на Турција. Турскиот демант доаѓа по тврдењето на сириската опозиција и на сведоци дека при нападите врз градот Кобане два воени авиони долетале од турската територија.

„Ниту еден турски авион не учествувал во досегашнте напади, ниту пак американската воена база Инчирлик во Турција е користена за нападите“, изјави претставник на турското Воено воздухопловство.

Кобане од пред една недела е во рацете на милитантите на Исламска држава (ИД) што предизвика масовно бегство на илјадници сириски Курди во Турција.

Антитерористичката коалиција предводена од САД од понеделникот извршуваат воздушни напади врз милитантите на ИД.

XS
SM
MD
LG