Достапни линкови

logo-print

Од Тодоров зависи дали матичните лекари ќе штрајкуват


Дали матичните лекари ќе штрајкуваат ќе зависи од денешните разговори на претставнииц на лекарите со министерот за здравство Никола Тодоров. На средбата треба да се одлучи дали тие ќе останат на најавите за неколкучасовен прекин на издавањето на електронски упати и рецепти или во целост ќе го откажат штрајкот. Тие на Тодоров ќе му ги пренесат барањата за повисоки плати и подобри услови. Меѓу другот тие бараат фиксни плати од 40.000 илјади денари за лекар и 20.000 денари за медицинска сестра, како и зголемување на капитацијата по пациент.

Матичните лекари првин закажаа штрајк за в петок. Но по најавата дека Тодоров ќе ги прими , тие решиле одлуката да ја донесат по средбата.

XS
SM
MD
LG