Достапни линкови

Бугарија соопшти дека не учествува во коалицијата против ИД


Бугарија во моментов не учествува во коалицијата против групацијата Исламска држава, предводена од САД и тоа прашање во моментот не е тема на дискусија во Владата, изјави бугарскиот министер за одбрана Велизар Шаламанов, нагласувајќи дека можностите за вклучување на земјата во операциите се ограничени.

Одговарајќи на новинарско прашање дали Бугарија е под закана од ИД и дали бугарски војници треба да учествуваат во нападите врз групата, Шаламанов рече дека Военото воздухопловство на Бугарија „не може да учествуваат во заедничките операции со таков интензитет поради својата опрема“.

Тој додаде дека Бугарија ќе се обиде да помогне во хуманитарната сфера, како и заедно со сојузниците од Европската унија и НАТО да донира лесно вооружување и муниција.

XS
SM
MD
LG